Со вградување на фотоволтаици на покривот од гаражното паркиралиште, љубљанскиот аеродром доби обновлив извор на енергија кој ќе обезбеди 7% од вкупните потреби за електрична енергија на аеродромот и притоа ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 200 тони годишно.
Инвестицијата која пред шест месеци ја договориле Fraport Sloveniјa, словенечката подружница на германската компанија која управува со најголемиот словенечки аеродром, и компанијата Resalta како инвеститор, вреди 350.000 евра. „Современите системи за сопствено снабдување со електрична енергија, претставуваат голем потенцијал за одржлива енергетска трансформација“, рекол Zmago Skobir, советник на управата на аеродромот и прокурист на компанијата Fraport Sloveniјa, при пуштањето на фотоволтаичната електрана во погон. „Затоа одлуката да се оди во оваа инвестиција беше едноставна, не само од аспект на економичност туку и во насока на намалувањето на емисиите на CO2“, рекол Skobir.
Фотоволтаичната електрана со номинална моќност од 500kW, годишно ќе произведува 530 MWh електрична енергија. Електраната ја сочинуваат 1.347 модули кои покриваат речиси 3.000 m2, односно 40% од покривната конструкција во која се сместени гаражите.