Насловна / Архитектура / Еколошка куќа проектирана да трае 500 години

Еколошка куќа проектирана да трае 500 години

На забот на времето поподложни се објектите како што се куќите на село, каде што не се престојува постојано, туку се оди неколку пати или еднаш годишно. Конструкциите едноставно, во зависност од градежните материјали од кои се направени, имаат свој животен век. Соодветно на тоа, проектирана е куќа која ќе трае 500 години. Сепак, ова не е единственото нешто што ја прави оваа куќа уникатна и интересна. „Zome“ е во форма на зоноедар и освен што е издржлив и отпорен на оган, тој е и еколошки.

kuka

Зад проектот стои американската компанија Zomes. Ја водат браќата Шереф и Карим Бишај родени во Египет. Според нив, целта била да се најде решение во вид на станбена куќа која ќе биде отпорна на пожари во Калифорнија, па во тоа нашле инспирација. Соодветно на тоа, облогата се состои од преклопувачки бетонски панели направени од биокерамички цемент на база на магнезиум и фосфат, и тие се јаглеродно неутрални.

Внатрешноста на конструкцијата зафаќа површина од 24 квадратни метри. Панелите се направени од одржливо одгледан бамбус и споени со лепак без формалдехид. Гумените заптивки околу вратите, прозорците и другите отвори ја прават целата структура непропустлива, додека изолацијата од овча волна во ѕидовите помага во регулирањето на внатрешната температура. Бетонската обвивка гарантира дека куќата ќе биде водоотпорна, но и отпорна на мувла, гниење и штетници.

kuka1

Покрај тоа, куќата може да издржи екстремни температури и е отпорна на оган. Таа е проектирана да издржи температури до 1.204 Целзиусови степени. За изработка на „Zome“ по желба на купувачот се потребни два дена, по што на лице место се почнува со монтажа. По ова, куќата е подготвена за употреба во рок од една недела. Доколку е потребно, куќата може да се демонтира и да се премести на друга локација. Засега компанијата прифаќа нарачки само од Калифорнија. Цената е 75 илјади американски долари.

kuka2

Испрати коментар

Scroll To Top