Музејот на град Скопје во пресрет на големиот празник 13 Ноември – денот на ослободувањето на градот Скопје ја подготви изложбата „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“. Со изложбата се одбележува и јубилејот 80 години од почетокот на Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија.
По повод празникот на градот, во организација на Државниот архив на Република Северна Македонија, во Музејот ќе се отвори и изложбата „Скопска градска општина“.
Отворањето на изложбите ќе биде на 12 ноември, петок во 12:00 часот во Музејот на град Скопје.