Павилјонот Khor I е дизајниран од страна на Horemans, а е наменет за Театарот како Архитектура и Архитектурата како Театар (TAAT). Со употребата на тенки дрвени палки со различни висини се формираат наслојувања во пирамидална форма. Преклопувајќи го ентериерот и екстериерот, театарот е дизајниран да создава впечаток на прошетка низ бамбусова шума, каде посетителите ја креираат сопствената претстава така што ги читаат сценаријата од ротирачките дрвени блокови.