Насловна / Вести / Австрија: Војската и полицијата подготвуваат вежба за случај на blackout

Австрија: Војската и полицијата подготвуваат вежба за случај на blackout

Австриските власти сериозно се подготвуваат за можен т.н blackout – прекин на електричната енергија на пошироко подрачје. Затоа, за 12-ти ноември е закажана вежба Energie 21, на која ќе се симулира како правилно да се реагира во ваква ситуација. Учесници ќе бидат Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и повеќе покраини.

blackout1

blackout-glavna

Сценариото на blackout, според пишувањето на бројни медиуми не треба да се исклучи. Австријците се загрижени дека во случај на екстремно ладно време оваа зема може да дојде до зголемување на потрошувачката на електрична енергија и оперативни проблеми во производствените капацитети. Тогаш би се јавил недостаток на електрична енергија, па неопходно е сите да бидат подготвени за целосен колапс во снабдувањето со електрична енергија. Затоа е потребно функционално управување со кризата и соработка на сите надлежни власти со снабдувачите на електрична енергија. Веќе и маркетите во Австрија започнаа да нудат опрема за справување со услови на blackout. Така ланецот Hofer во својот асортиман веќе има и агрегати на гориво и слична опрема.

blackout2

Испрати коментар

Scroll To Top