Насловна / Вести / Романија го гради привиот мал модуларен нуклеарен реактор во соработка со САД

Романија го гради привиот мал модуларен нуклеарен реактор во соработка со САД

САД и Романија се договорија заедно да ја градат првата мала модуларна нуклеарна електрана во Романија. Во Вашингтон е соопштено дека употребата на технологијата на мали модуларни реактори  (SMR) ќе даде клучен придонес во декарбонизацијата на енергетскиот сектор во Романија. Овој план го најавија после средбата на самитот COP26, специјалниот претставник на американскиот претседател за клима Џон Кери и романскиот претседател Клаус Јоханис. Двете земји уште во 2020 година потпишале спогодба за соработка за зајакнување и модернизација на романската цивилна нуклеарна програма. Белата куќа соопштува дека со изградбата на првата SMR нуклеарна електрана, во соработка со САД и приватната американска компанија NuScale, најмодерната цивилна нуклеарна технологија ќе стигне во тој важен дел на Европа. „Нашето партнерство ќе ја донесе SMR технологијата во Романија и ќе ја позиционира американската технологија како лидер во глобалната трка во областа на таа технологија. Комерцијалниот договор ќе вклучува централа на NuScale од шест модули и иницијално ќе генерира повеќе од 3.700 работни места во САД и Романија.

smr1

smr2

Од кабинетот на романскиот претседател прецизирано е дека модуларниот реактор ќе почне да произведува електрична енергија од 2028 година. NuScale е американска приватна компанија од сојузната држава Орегон, која произведува и продава мали модуларни фисиони реактори. За разлика од класичните, големи реактори, малите модуларни реактори се произведуваат индустриски а потоа благодарение на нивните димензии и маса, се транспортираат на локацијата на идната централа и таму се инсталираат. Овие реактори обично имаат инсталиран капацитет до 300MW. Реакторите на компанијата NuScale имаат инсталирана моќност од 77MW, а во зависност од конфигурацијата, една електрана може да има највеќе 12 модули.

smr3

Испрати коментар

Scroll To Top