Балканското архитектонско биенале – ВАВ21 оваа година слави 10 години постоење. Членовите на здружението сакаа заедно со своите колеги и соработници да го одбележат овој значаен јубилеј со претставување на домашната архитектонска и дизајнерска сцена на изложба, која симболично е наречена „50 до 50“ и која беше увертира за централниот настан – ВАВ21.
Изложбата беше отворена на 12 октомври во галеријата ЛАГ во Белград, која е во склоп на трговскиот центар „Галерија Белград“. Целта на „50 до 50“ е афирмација, презентација и промоција на 50 домашни автори, кои припаѓаат на новиот бран на творештво, односно имаат до 50 години.
„Избраните изложувачи беа обврзани да имаат активна продукција во последните пет години. Во случајот на архитектонските бироа – континуирано да проектираат објекти и ентериери. Од дизајнерите на мебел се бараше да имаат сериски произведени парчиња, кои се во продажба последните пет години “ – вели Марко Стојановиќ, историчар на уметност и селектор на изложбата.
Архитектонските бироа беа претставени преку плакати со димензии 70 × 100 сантиметри и макети на изградените објекти, додека производителите на мебел ги претставија своите истакнати производи – мебел и осветлување. Изложбата беше отворена до 5. ноември, до датумот кој беше последен рок за пријавивање трудови за учество на ВАВ21.
Изложбата „50 до 50“ претставуваше обид да се соберат и претстават на едно место, делата на една генерација автори од територијата на Србија. Бидејќи станува збор за единствен настан, отворањето на изложбата привлече големо внимание на медиумите, професијата и публиката. Рекорден број изложувачи и гости се појавија на отворањето и за времетраењто на изложбата.
Покрај тоа, голем број посетители на изложбата покажаа интерес за купување на изложените парчиња мебел и желба да стапат во контакт со архитектите. Но, беше забележано дека и покрај обврската бироата да ги претстават, освен преку плакати, и со макети своте објекти, а и просторните капацитети на галеријата беа значајни, свои макети прикажаа само четири архитектонски бироа.
Изложбата „50 до 50“ е најава за централниот настан, 5. Балканско архитектонско биенале – ВАВ21, кое ќе се одржи од 8. до 16. декември во киното „Балкан“ во Белград. Како и четири пати досега, на Балканското архитектонско биенале, архитекти и дизајнери од регионот ќе ги претстават своите дела и активности на сличен начин. Архитекти и дизајнери од Хрватска, како земја гостин оваа година, ќе имаат видно место на настанот, чиј комесар и селектор ќе биде Саша Беговиќ од загрепското студио 3LHD.