Во САД е претставен проект кој сеуште е во рана фаза на развој, но веќе е во фокусот на интересот на јавноста. Имено, најавено е дека облакодерот е планиран за Њујорк, поточно за западната страна на Менхетн, и ќе биде една од највисоките згради на западната хемисфера. Affirmation Tower ќе биде со впечатлив конзолен дизајн и ќе се издигнува на височина од 506 метри. Рендерите покажуваат дека ќе изгледа како стандардна кула превртена „наопаку“. Проектот е дело на компанијата на ганско – британскиот архитект сер David Adjaye.
Облакодерот ќе се состои од низа блокови наредени еден на друг, создавајќи степенест профил кој изгледа како да се шири по височина. Височината ќе биде во сооднос 5:1 со основата, што што секое наредно ниво е поголемо од претходното. Во склоп на одлакодерот ќе се наоѓаат деловен простор, два хотели, седиштето на NAACP, платформа за набљудување и лизгалиште. Освен Adjaye во тимот на овој проект се и компаниите Peebles Corporation, McKissack Group, Exact Capital и Steven Witkoff. Доколку се изгради, Affirmation Tower ќе биде вториот облакодер на Adjaye на Менхетн, после кулата 130 William.