Општина Ѓорче Петров почна со адаптација на објектот во дворот на основното училиште „Димитар Поп Беровски“ за детска градинка. На површина од 200 метри квадратни, ќе бидат згрижени околу 50 деца.
Градинката ќе има две големи занимални, две помошни простории и санитарни јазли, а ќе работи во рамки на ЈОУДГ „Росица“ – Ѓорче Петров.
Градежните работи, како што информира општина Ѓорче Петров, предвидено е да завршат кон крајот на август годинава. Средствата ги обезбеди Министерството за образование и наука и општина Ѓорче Петров.