Насловна / Вести / Слатки соништа и тајна шума во хотел во Кина

Слатки соништа и тајна шума во хотел во Кина

Dream & Maze, The Other Place е креативна гостинска куќа со пансиони за сместување покрај реката Ли во округот Pingle County, Guilin во Кина. Архитектонското биро, Studio 10 со канцеларии во Хонг Конг, Шенжен и Њујорк, работело на реновирањето на собите со тема соништа.

2_resize

11_resize

„Кога клиентот дојде кај нас, сакаше нешто свежо, креативно, уникатно и различно, бидејќи хотелот е наменет да биде скривалиште/одморалиште од раздвижениот свет и секојдневните средби, а притоа најдобро да ја искористиме постоечката градба, која беше висок простор со коси кровови“, вели проектантот.

5_resize

Откако ја посетиле локацијата (која била недовршен простор во бетон), архитектите додека стоеле  во невообичаено високиот (7,6 метри) простор, каде речиси се чувствувале како во капела, сфатиле дека имаат можност да направат нешто просторно посебно.

7_resize

Инспириран од делата на холандскиот графички уметник  Мауриц Корнелис Ешер, познат по неговите математички инспиририни дрворези, линорези и мецотинта, кои содржат невозможни конструкции, истражување на бесконечноста и повторување на форми со ист облик, архитектот Shi Zhou со своите соработници, сакал да создаде мистериозен, бесконечен и невозможен простор со беспрекорна трансформација меѓу 2Д и 3Д, како и елементите на оптичка илузија.

6_resize

9_resize

Во Dream & Maze мебелот и вратите имаат кружни, лачни форми кои одговараат на мотивите кои вообичаено се појавуваат во многу дела на М. К. Ешер.

Бледо розовата и белата, како и зелената палета на бои го прават внатрешниот простор спокоен и надреално свеж, далеку од хаосот на секојдневниот живот. Сите компоненти од светот на реалноста, како што се светлосните тела и електронските апарати, се скриени зад низа црно обоени врати, задржувајќи ја недопрената, химерична природа на просторот.

14_resize

3_resize

Антигравитационите скали водат до црни врати, зад кои може да има патека која води во тајна шума – или некои други неочекувани места кои изненадуваат.

13_resize

Проектантите раскажуваат со што се соочиле при работата: „Од една страна, предизвикот беше тој што локацијата е малку оддалечена се наоѓа на село, каде што се достапни само локални изведувачи. Затоа, требаше внимателно да ги ускладиме дизајнот, цртежите, деталите и материјалот за да можат локалните работници лесно да ги разберат и изведат. Архитектот жуивееше во селото за време на критичната фаза на изградбата за да се увери дека работниците можат точно да ја разберат намерата на дизајнот, бидејќи некои од нив претпочитаат да комуницираат усно, не преку цртежи“.

4_resize

„Од друга страна, се соочивме со технички потешкотии да се оживее визијата на М. К. Ешер, потребна беше рамнотежата помеѓу практичната потреба на хотелскиот апартман и просторниот ефект“, додаваат. „Се обидовме да ги сокриеме сите компоненти што укажуваат на „вистинскиот живот“, како што се светлосните тела и електронските апарати за да го одржиме просторот чист“.

12_resize

За изборот на палетата на бои велат дека: „Розовата одговара на бојата на слатките соништа, за кои отсекогаш сме замислувале дека имаат розеви тонови. Зелената палета треба да долови мистериозност, како тајната шума во бајките со скриени врати.“

14_resize

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top