Насловна / Арт и дизајн / На аукција во Лас Вегас продадени 11 дела на Пикасо за 110 милиони долари

На аукција во Лас Вегас продадени 11 дела на Пикасо за 110 милиони долари

Во Лас Вегас се одржа аукција на Sotheby`s на која беа продадени 11 дела на Пабло Пикасо (25 октомври 1881 – 8 април 1973). Девет слики и две керамички парчиња продадени се за 110 милиони долари.

2_resize

Пред повеќе од 20 години, американскиот казино магнат Стив Вин, поранешен сопственик на хотелот Белаџо, почнал да создава колекција од дела на Пикасо. По 20 години, делата на легендарниот сликар се продадени на симболично место – во ресторанот Пикасо во хотелот Белаџо во Лас Вегас.

1_resize

Самата аукција беше темпирана да се совпадне со 140-годишнината од раѓањето на славниот уметник. Вкупната сума за која се продадени делата е речиси 110 милиони долари.

mari_resize

„Жена со црвено-портокалова беретка“ (1938)

Сликата „Жена со црвено-портокалова беретка“ од 1938 година, на која е прикажана љубовницата и муза на Пикасо, Марија – Тереза ​​Волтер, достигна највисока цена од 40,5 милиони долари.

Првично се очекувало да биде продаден за помала сума – се проценувло меѓу 20 и 30 милиони долари.

4_resize

„Човек и дете“ (1959) 

Исто така, на аукцијата за 24,4 милиони долари е продадена речиси двометарската слика „Човек и дете“ од 1959 година, а сликата „Мртва природа со кошница овошје и цвеќиња“, која Пикасо ја насликал за време на нацистичката окупација на Париз во 1942 година, за 16,6 милиони долари.

Керамичкото дело на Пабло Пикасо „Појадок на трева“ продадено е за 2,1 милиони долари, имињата на купувачите на аукцијата не се објавени.

3_resize

„Глава на човек со брада“ (1956)

Испрати коментар

Scroll To Top