Насловна / Арт и дизајн / Vacheron Constantin: Неверојатна креација на уникатен џебен часовник

Vacheron Constantin: Неверојатна креација на уникатен џебен часовник

Студио за специјални нарачки на компанијата Vacheron Constantin, Les Cabinotiers, ја задржа традицијата на создавање уникатни парчиња висока хорологија по нарачка. Швајцарскиот производител на часовници ја претстави својата најнова, единствена креација за чија изработка беа потребни неверојатни осум години.

4_resize

Запознајте го Vacheron Constantin Les Cabinotiers Westminster Sonnerie Tribute to Johannes Vermeer, џебен часовник по мерка, кој претставува вистинскиот врв на занаетот на изработка на часовници. Парчето по мерка, нарачано е од анонимен колекционер чија „страст се состои во тоа секогаш да бара часовник кој теоретски е невозможно да се набави“. Колекционерот побарал џебен часовник со вистинско Вестминстерско ѕвоно со пет гонга, пет чекани, Grande и Petite Sonerie, и украсен со минијатурен емајл.

5_resize 6_resize

„Оваа неверојатна креација е направена на барање на еден од нашите клиенти, кој поседува импресивен број значајни часовници Vacheron Constantin. Тој исто така има и неколку уникатни часовници, особено, старомоден репетитор на минути од челик и еден од 15-те уникатни парчиња од Métier d’Art Chagall & L’Opera de Paris „Почит на познатите композитори“, изјави Christian Selmoni, директор на Style & Heritage во Vacheron Constantin.

7_resize

Овој џебен часовник го движи единствен рачен калибар 3761 кој е направен од 806 компоненти. Механизмот е заснован на оној кој се наоѓа внатре во Grand Oeuvre, Reference 57260. Со 57 компликации и 2.826 поединечми компоненти, Reference 57260 со право се смета за најкомплицираниот џебен часовник направен некогаш.

8_resize

Вестминстерското ѕвоно на часовникот, како што кажува името, се однесува на познатите ѕвона на Биг Бен во Лондон. Да се рекреира мелодијата со четири такта, свирена во совршена хармонија, е многу комплицирана задача. Има и режим на тишина што може да ја деактивира функцијата за ѕвонење на часовникот. Секоја компонента на движењето е рачно обработена и украсена според стандардите на Geneva Seal hallmark.

1_resize

Уникатниот џебен часовник има дијаметар од 98 мм и е прекрасно изгравиран од мајсторот Emmanuelle Maridat, на која и биле потребни пет месеци за да го заврши гравирањето. Гравирањето вклучува мотиви од лалиња, бисери и листови од акантус, до пар лавови кои рикаат.

3_resize

Капакот на шарки е емајлирана минијатурна репродукција на познатата слика „Девојка со бисерна обетка“ од 1665 година, како почест на холандскиот сликар Јоханес Вермер. Портретот е изработен од швајцарската уметница за емајл Anita Porchet. И биле потребни седум месеци работа, развлечени во тек на две години, со повеќе од 20 печења во печка за да се стабилизираат боите. Како што е и очекувано, цената на Vacheron Constantin Les Cabinotiers Westminster Sonnerie Tribute to Johannes Vermeer останува необјавена.

10_resize

9_resize

11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top