Пред Историскиот музеј на Босна и Херцеговина, во центарот на Сараево, поставена е скулптура на диносаурус од јаглен, а целта на оваа поставка е да ги поттикне граѓаните на размислување за загадувањето на воздухот во градот. Еден од авторите на проектот „Нека не биде изумирањето твој избор“ (Neka izumiranje ne bude tvoj izbor) е Hanna Dujmović, академски вајар од Сараево. Станува збор за проект на UNDP, чија цел е да се обрне внимание на граѓаните да не користат цврсти горива за огрев, особено јаглен. На проектот работеле и Marko Frančešević и Samir Sučeska. Скулптурата е работена 15 дена, а долга е 7 метри, висока 3 метри и тешка околу 800 килограми. Авторите на проектот ги повиикуваат граѓаните да ја видат поставката, каде ќе можат и да прочитаат повеќе за проектот и за штетните последици од загадувањето на воздухот.