Насловна / Вести / „Тесла“ вреди билион долари, Маск е убедливо најбогатиот човек

„Тесла“ вреди билион долари, Маск е убедливо најбогатиот човек

Акциите на „Тесла“ скокнаа за речиси 13 отсто, што доведе до тоа компанијата да надмине билион (илјада милијарди) долари.

Како резултат на тоа, директорот и основач на компанијата, Илон Маск, стана побогат за 36,2 милијарди долари, што е најголем пораст на богатството на поединец за еден ден откако Блумберг води евиденција.

mm1_resize

Така, вкупното богатство на Маск (288,6 милијарди долари) ја надмина пазарната вредност на „Тојота“ (282 милијарди долари) и многукратно е побогат од домашните ривали на „Тесла“ „Џенерал моторс“ (83,9) и „Форд“ (62,8 милијарди долари).

Ексцентричниот претприемач зад себе го остави и својот прв конкурент за титулата најбогат човек – директорот на „Амазон“, Џеф Безос за речиси 100 милијарди долари.

мм_resize

„Луди времиња“, напиша Маск на Твитер, алудирајќи на вредноста на Тесла од билион долари.

Маск поседува 20 отсто од акциите на компанијата и тој удел е примарен двигател на неговото богатство, а исто така има удел и во компаниите „Спејс-екс“ и „Боринг“.

Испрати коментар

Scroll To Top