Насловна / Вести / Цементната индустрија ќе го елиминира јаглеродот до 2050 година

Цементната индустрија ќе го елиминира јаглеродот до 2050 година

Четириесет од најголемите меѓународни производители на цемент и бетон го претставија планот за елиминирање на јаглеродот од една од најзагадените индустрии во светот. Обврската за воспоставување на планот е преземена од членовите на Глобалната асоцијација за цемент и бетон (GCCA).

cement

Планот, објавен пред климатската конференција COP26 во ноември, ветува намалување на емисиите на стакленички гасови за 25 отсто до 2030 година, што би можело да спречи пет милијарди тони CO2 емисии.

“Ни треба брза и решителна акција сега. Ги поздравуваме амбициозните цели на GCCA за заштита на климата поставени во патоказот за 2050 година. Заедно правиме се што е можно за да ги оствариме “, рече Доминик фон Ахтен, извршен директор на HeidelbergCement за Dezeen.

Претходно оваа година, HeidelbergCement објави план за елиминирање на емисиите на јаглерод од својата фабрика во Шведска, користејќи технологија за зафаќање на јаглерод.

cement3

Клинкерот, кој е главната состојка на портланд цементот, би бил заменет со материјали со ниска содржина на јаглерод, што значително би ги намалило емисиите на јаглерод од цементот и бетонот. Исто така, намалувањето на количината на фосилни горива, притоа давајќи предност на употребата на алтернативни горива, ќе придонесе за намалување на отпечатокот на CO2.

Индустријата вети дека ќе изгради десет индустриски фабрики за собирање на јаглерод до 2030 година, потпирајќи се на тековните пилот проекти во Северна Америка, Исланд, Кина и Европа. GCCA планира да ја искористи својата глобална истражувачка мрежа Innovandi за да ги унапреди понатамошните истражувања преку стартап компании кои ќе донесат свежи идеи.

GCCA планира да создаде рамка за синџирот на снабдување што индустријата може да ја користи за време на изградбата, за да ја подобри ефикасноста во дизајнот и употребата на бетон за време на изградбата. Ова ќе вклучува употреба на рециклирани материјали, што ќе го продолжи животниот век на одредени проекти и ќе создаде поефикасно користење на ресурсите.

cement2

Планот бара од владите и мултилатералните организации да ја играат својата улога во поддршката на кружната економија и развојот на нови технологии.

Членовите на GCCA ветија дека ќе постигнат net-zero емисии дури и ако глобалниот пазар на производи од цемент и бетон се удвои од 333 милијарди американски долари во 2020 година на очекуваните 645 милијарди долари во 2030 година.

Терминот net-zero се однесува на оние згради и проекти кои мора активно да ги отстрануваат гасовите CO2 од атмосферата. Ова може да се направи со пошумување или уреди за зафаќање и складирање на јаглерод.

Испрати коментар

Scroll To Top