Еден од најпознатите афро-американски дизајнери, Вирџил Абло, дизајнираше минималистички сет за чај за легендарната италијанска фабрика Ginori 1735.
На миланската Недела на дизајн, реномираниот производител на порцелан Ginori 1735 и дизајнерот Вирџил Абло ги покажаа првите резултати од нивниот заеднички проект, станува збор за колекција садови со контракултурни референци типични за брендот Off-White.
Платното за експериментот беше класичен сет за чај од Ginori 1735 наречен Antico Doccia: чаши, чинии и чајник, развиен во средината на 18. век украсени со барокни силуети. Абло одлучи да користи лаконска палета на бои – бела позадина и црни акценти. Дизајнерот ги украси снежно-белите предмети со букви и цртежи во стилот на графити, како и со реални слики од муви.
„Ова е колекција за модерна трпезарија – без разлика дали е во свечен дом, милениумски стан или едноставно во студентска соба. Наметнувањето на модерноста на логото и уметноста на графити, со почитуваната куќа Ginori 1735 е доказ дека добриот дизајн може да живее вечно“, вели Абло во соопштението за јавноста.