Ecosistema Urbano неодамна го претстави својот нов изум – карусел кој произведува електрична енергија додека децата си играат. Каруселот е инсталиран во Холандија, а самиот проект настанал на иницијатива на Амстердамскиот завод за дизајн, кој повикал 10 европски компании да направат иновативни проекти за игра и забава.
Сите концепти се наменети за плоштадот Governeursplein и имаат за цел да ја подобрат интеракцијата на жителите со околината. Енергијата што се произведува на овој начин се складира на самото место со помош на батерии.