Насловна / Вести / Популарното „фиќо“ наполни 66 години

Популарното „фиќо“ наполни 66 години

Автомобилот кој се појавил во периодот на силниот индустриски развој на СФРЈ, е произведуван по лиценца на Fiat, па то тоа го добива и својот прекар – „фиќо“. Обожуван поради својата економичност, секој просечен граѓанин можел да си го дозволи ова возило. „Фиќо“ го користеле и државните служби – полиција, пошта, здравствени домови и сл. Приказната почнува после Втората светска војна, кога тогашната држава забрзано тргнува во индустријализација, но стандардот на граѓаните и куповната моќ биле сеуште многу ниски. Без оглед на тоа, државното раководство размислувало за производство на патнички автомобили. За да работи одржливо, проценето е дека една таква фабрика ќе мора да произведува и продава најмалку 10.000 автомобили годишно. Со оглед дека во тие услови тоа изгледало невозможно, оправданоста на проектот е доведена во прашање.

zastava1

zastava2

Во тоа време, воениот врв, за своите потреби, од претпријатието VTZ во Крагуевац бара да ја откупи лиценцата за производство на возилото Jeep Willys Overland, и тоа било првото возило склопено во  Zastavа, уште во далечната 1953 година. Подоцна, на апел на раководството на Zastavа, и наспроти тензиите кои Југославија ги имала со Италија околу Трст, сепак одлучено е “ако не може Трст да биде наш, можеме да го имаме фиќо“. Започнале преговори со Fiat кои траеле четири месеци. Договорот е постигнат во 1954, по што почнува монтажата на првото воено теренско возило Fiat AP-55, познато и како „кампањола“, а потоа и патничките возила Fiat 1400 BJ и Fiat 1100 B. На 18-ти октомври 1955, секојдневието на граѓаните ан Југославија засекогаш се промени, бидејќи тогаш е произведен првиот автомобил Zastava 750. Првиот примерок имал само 23 hp. Последниот, произведен во 1985 година, имал 27hp. Продажбата оди одлично, дури и по појавата на многу подобри автомобили, а „фиќо“ достигнува огромна популарност. Вкупно се произведени 5 милиони примероци. „Фиќо“ останува симбол на времето во кое речиси секој можел да купи нешто што претсатвувало значителен капитал, но и симбол на просперитетот на една земја која се грижела за обичниот човек, така што му овозможила да си купи нов автомобил по достапна цена.

zastava3

Испрати коментар

Scroll To Top