Насловна / Арт и дизајн / Како настанал познатиот кауч на Дали во форма на усни

Како настанал познатиот кауч на Дали во форма на усни

Идејата за создавање на едно од најпознатите парчиња мебел во светот – троседот во форма на усни од Салвадор Дали, почнала како скица на задната страна на коверт, откри ново истражување.

Скица на каучот е откриена во Вест Дин во близина на Чичестер, град на југот на Англија, во некогашниот дом на пријателот и покровител на Дали, Едвард Џејмс. Експертите сметаат дека и самиот Џејмс бил вклучен во идејата за создавање на овој необичен кауч.

1_resize

До откритието е дојдено кога архивата на Џејмс, која вклучува околу 2.300 различни предмети, почна да се подготвува за дигитализација. Покрај скиците на Дали, оваа архива вклучува цртежи и слични предмети што им припаѓале на Пабло Пикасо, Игор Стравински, Бертолд Брехт, Рене Магрит …

Според зборовите на Хју Морисон, управник на збирката во Вест Дин, каучот, денес познат како Меј Вест, бил идеја на Џејмс од 1936 година, која Дали подоцна ја разработил.

7_resize

Дали тогаш скицирал нацрт на проектот, кој го опишал како „лицето на Меј Вест кое може да се користи како надреалистички стан“ во чест на филмската ѕвезда, а во еден момент Џејмс сугерирал дека би можеле усните да бидат инспирација за софа, и рекол дека ќе го превземе производството на таквите софи.

Се верува дека скицата на каучот е пронајдена на задната страна од коверт откриен во архивата – всушност дело на Едвард Керик, дизајнер со кого Џејмс соработувал во тоа време.

3_resize

Според зборовите на Кристофер Вилк од Музејот за уметност и дизајн во Лондон, кој поседува една од петте познати верзии на софата, новооткриената скица се однесува на првата од софите кои ќе се произведуваат – секако во Британија. Тоа било розова, сатенска верзија на софа, која одговарала на розовата нијанса на кармин на дизајнерката Елза Скјапарели.

4_resize

Писмата во богатата архива на Џејмс, исто така, откриваат дека неговата првобитна намера била овој кауч да биде обложен со кожа, се додека Скјапарели енергично не ја отфрлила таа идеја, велејќи дека ќе и се допадне повеќе ако е направен од сатен.

Вилк објаснува дека приказната за каучот во форма на усни поставува интересни прашања за авторството на уметничкото дело: „Скицата од ковертот и преписката помагаат да се објасни улогата на Џејмс во креирањето на овие софи, и сосема е јасно дека, иако оригиналниот концепт бил на Дали, голем дел на работата за создавање на парчето бил на Џејмс“.

2_resize

Се шпекулира дека постои уште една оригинална софа, веројатно во Франција, рече Вилк.

Едвард Џејмс (1907-1984) бил живописен и комплициран лик чиј живот честопати бил контроверзен: се шпекулирало дека тој е внук на кралот Едвард Седми, кој бил редовен посетител на Вест Дин.

5_resize

Џејмс поседувал огромно богатство со кое, меѓудругото, ја финансирал работата на уметниците надреалисти во Европа и Мексико.

Морисон вели дека Џејмс поседувал фантастична архива која е еден вид богатство и дека е подготвена за дигитализација, за да уживаат што е можно поголем круг луѓе, пред се љубителите на уметноста.

Каучот во форма на усни на Дали, доби статус на своевидна икона низ целиот свет во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век и има бројни копии.

6_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top