Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, организира стручна дебата за новиот предлог текст на Законот за градење, на 22 октомври (петок), со почеток во 11 часот, во Хотел Хилтон, Скопје.
Агенда за настанот
11:00 Обраќање на Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски
11:10 Обраќање на Кристинка Радевски, Претседател на Комора ОАИ
11:20 Обраќање на Проф. д-р Мирослав Грчев, изготвувач на Предлог текстот на законот
11:40 Дискусија
13:30 Коктел
Поканети се неколку архитекти и инженери од различни институции кои своето присуство треба да го потврдат на: [email protected].
Напомена: Согласно владините мерки од 18.08.2021, за присуство на настани во затворен простор, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:
– сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето