Насловна / Вести / Додека Европа ја тресе енергетската криза во регионот засега стабилно

Додека Европа ја тресе енергетската криза во регионот засега стабилно

Во пресрет на зимата, светот се соочува со сериозен недостаток на енергија. Во Европската унија, енергетскиот колапс е предизвикан од рекордните цени на гасот, пет пати повисоки отколку на почетокот на летото. Од Брисел ќе бараат излез од тешката енергетска состојба на 21. октомври на Самитот на Унијата. Во регионот понудата и цените се стабилни. Ова е овозможено со новиот гасовод „Балкански тек“ и поволниот договор за гас со Русите.

г4_resize

На берзите, во јули 1.000 кубни метри гас се договараа по цена од 260 долари, а сега за 1.250 долари. Кризата со гас е предизвикана од закрепнување на економските активности, празните европски складишта, големи испораки на ЛНГ – течен гас на азискиот пазар, но и намалување на транзитот на руски гас преку Украина. Во понеделникот започна полнењето на руско-германскиот гасовод „Северен тек 2“, кој треба да проработи до крајот на годината.

г3_resize

Експертите велат дека состојбата ќе се смири, но нема да ја реши ситуацијата додека гасот не протече низ „Северен тек 2“, додека не се реши прашањето за Украина, додека сите тие гасоводи не почнат да функционираат со нормален капацитет. Велат дека не е проблемот во производството, гас има, не е проблемот во резервите и нив ги има. Проблемот е во испораката на гас.

г2_resize

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека Европската унија, што се однесува до гасот, во голема мера зависи од увозот, дури 90 отсто се увезува.

„Глобалната економија расте, па расте и побарувачката, но понудата не се зголемува соодветно. Многу сме благодарни што Норвешка го зголемува производството, но се чини дека тоа не е случај во Русија“, смета фон дер Лајен.

г1_resize

Имајќи предвид дека гасот е исклучително чувствително политичко прашање, диверзификацијата на гасот е од клучно значење, не само во однос на правецот  на снабдувањето, туку и во однос на изворот од каде доаѓа тој гас. Новиот гасовод „Балкански тек“ ја покажа важноста од алтернативно снабдување на регионот, кој не се соочува со проблеми како ЕУ. Цената е заштитена со долгорочен договор со Русија, а преговорите се во тек за најповолни услови и за испораки во следната година.

Испрати коментар

Scroll To Top