Насловна / Архитектура / Видиковец од облакодер кој не е за секого – нова атракција за адреналинските зависници

Видиковец од облакодер кој не е за секого – нова атракција за адреналинските зависници

И додека одењето по стаклена транспарентна површина на голема височина за некои е сценарио од најстрашните кошмари, за адреналинските зависници Sumit е секако атракција која нема да ја пропуштат.

sumit1

Привилегијата да стојат на стаклена површина, 300 метри над тлото и да уживаат во непречениот поглед на Њујорк, ја имаат сите заинтересирани посетители на новиот облакодер One Vanderbilt во Њујорк, кој достигнува височина од 427 метри. При врвот на облакодерот, изградени се стаклени платформи – Sumit кои се протегаат на четири ката, а кои се наменети за набњудување на околината на нов начин.  Sumit користи огледала и стакло за да создаде илузија на бесконечен простор. На заинтересираните на располагање им е левитациски стаклен бокс кој се наоѓа надвор од облакодерот, односно на 324 метри височина над авенијата Медисон. Тука е и лифтот кој од сите страни е опкружен со стакло и кој се искачува до 364 метри височина.

sumit3

sumit4

Испрати коментар

Scroll To Top