Насловна / Вести / 40 годишнина на нуклеарната електрана „Кршко“ – првата и единствена нуклеарка на поранешна Југославија

40 годишнина на нуклеарната електрана „Кршко“ – првата и единствена нуклеарка на поранешна Југославија

За нуклеарнаата електрана „Кршко“, 1981 година, била година на големи достигнувања. После седум години изградба и монтажа на опремата, градилиштето се трансформира во погонски објект, а одговорноста за сигурен погон ја превземаат домашните стручњаци. На 7-ми мај 1981 година, електраната станува нуклеарен објект со поставувањето на горивото во реакторот. Потоа, на 11-ти септември 1981 година, за прв пат е воспоставена самоодржувачка нуклеарна реакција, а на 2-ри октомври истата година електраната е за прв пат синхронизирана на електроенергетската мрежа. Пробниот погон е завршен во следната година, а од 1983 започнува комерцијалниот погон.

-UP: Krsko, 05.04.2003., Nuklearna elektrana Krsko,  foto Darko JELINEK

Денес, со нуклеарната електрана „Кршко“ управуваат словенечката компанија GEN energija и хрватската Hrvatska elektroprivreda (HEP) – превземајќи секоја по половина од произведената електрична енергија. Секој дел од оваа половина, покрива 20% од потрошувачката во Словенија, и 17% од потребите за енергија на Хрватска.

krsko3

 

Испрати коментар

Scroll To Top