Популарниот фудбалер го прослави својот јубилеен 40-ти роденден. Не е познато какви подароци добил, но познато е што самиот си подарил – SF90 Spider, најмоќното Ferrari што може да се вози по јавните сообраќајници. SF90 Spider е hybrid plug-in, кој поседува 4.0 V8 twin турбо мотор, како и три електромотори, при што само турбо бензинскиот мотор испорачува 780hp. Електромоторите испорачуваат дополнителни 220hp.
Ибрахимовиќ, кој важи за голем вљубеник во спортски автомобили, си подарил моќни машини и за 38-миот и за 39-тиот роденден. Пред две години купил Ferrari Monza SP2, а во 2020 година, станал сопственик на Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition.