Насловна / Арт и дизајн / Harley-Davidson го претставува својот прв е-велосипед

Harley-Davidson го претставува својот прв е-велосипед

Ако има врска со две тркала, тогаш Harley-Davidson добро знае што прави. Само што овој пат доказот не е во уште еден мотор, туку електричен велосипед Harley-Davidson Serial 1 (или „eBike“, како што го нарекуваат деновиве). Лансиран преку одделот за развој е-велосипед Harley-Davidson Serial 1 Cicle, кој работи како посебна компанија, е-велосипедот го добил името по стариот, познат производител на мотори, „Serial Number One“.

5_resize

„Формирањето на „Serial Number One“ му овозможува на брендот Harley-Davidson да игра клучна улога во оваа револуција на мобилноста“, вели директорот на брендот Арон Френк.

1_resize

Со седло и рачки изработени од кожа во боја на мед Brookes England Slender, бели гуми, како и раскошна алуминиумска рамка од хидроформирана боја, овој велосипед изгледа навистина луксузно. Очигледно, дефинитивно станува збор за е-велосипед „кој го заслужува името Harley-Davidson “. Но, светот ќе мора да почека за да види како навистина ќе се однесува на патот.

9_resize

8_resize

Електричниот велосипед Harley-Davidson Serial 1 веќе е достапен за купување. Велосипедот се продава по цена од 5.999 до 8.260 долари. Претставен е во лимитирано издание од само 650 парчиња, половина ќе се продаваат во САД, додека другата половина ќе се продаваат во Европа.

Првите испораки се очекува да пристигнат до крајот на 2021 година.

2_resize

3_resize

4_resize

6_resize

7_resize

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top