Данскиот хотел и кафе-бар Central предизвика големо внимание на странските медиуми, кога познатиот готвач Anthony Bourdain го претстави овој шармантен простор во една епизода од неговата позната телевизиска емисија No Reservations, а за овој уникатен хотел пишувал и британскиот весник The Guardian.
Веројатно, ова е најмалиот хотел во светот сместен во живописниот кварт Vesterbro во Копенхаген. Необично за овој хотел е тоа што има само една соба која се наоѓа над малиот кафе-бар, каде може да појадувате и да уживате со еспресо. Просторот е опремен со рачно изработен мебел, мини бар, телевизор со рамен екран, аудио систем и бесплатна Wi-Fi услуга. Цената за престој во овој хотел со појадок за две лица изнесува околу 240 евра.