Насловна / Арт и дизајн / Утре самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“

Утре самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“

Здружението на граѓани Одржливи иницијативи, утре (сабота 2. октомври) организира промоција на самоводечката, велосипедска прошетка по не толку познатите музеи и културни локалитетите во Скопје. Секој учесник ќе има можност со помош на мапа, напатствија за движење, и описи за локалитетите и музеите да посети и открива места за кои не секој знае каде се или што се.

м0_resize

Настанот почнува во сабота во 10 часот со две различни рути, една во централното градско подрачје, а друга во периферијата на Скопје. Настанот е дел од проектот „Скриените музеи на Скопје“, реализиран од страна на Здружението на граѓани Одржливи иницијативи, а во соработка со Музеј на Град Скопје и финансиска поддршка од Министерство за култура и Град Скопје.

„Скопје има музеи и значајни културни локации кои јавноста не ги забележува. Или, што е уште по интересно, многу луѓе слушнале за нив, но немале прилика да ги видат или не знаат каде се наоѓаат, како пример за Римскиот аквадукт.“ вели Бакалова Мери од Одржливи иницијативи.

1м_resize

Организаторите соопштуваат дека ограничен број на учесници ќе имаат можност да ги испробаат аудио напатствијата и да ги следат рутите. Промовираните две рути, една низ централното градско подрачје на Скопје е во должина од 5 километри, додека другата во периферијата на Скопје е со должина од 35 километри. Во двете рути вклучени се не толку познати музеи и локалитети.

Бојан Ранташа, советник за рурален развој и туризам објаснува: „Најголемиот предизвик ни беше да ги поврземе со велосипедска рута која нема да ги изложи посетителите на непотребна опасност од моторни возила. При тоа внимававме движењето да се одвивиа пред се по велосипедски патеки, но за некои делови, едноставно моравме да вклучиме движење по коловоз, или движење по земјени патишта бидејќи тие делови не се поврзани со велосипедска патека. Сепак, внимававме фреквенцијата на возила да е што е можно најмала, а напатствијата ги информираат корисниците за сите карактеристики на рутата за да можат  да проценат дали е таа соодветна за нив.“

2м_resize

Музеи и културни локации кои се вклучени во прошетката

Посетителите со помош на напатствијата ќе може да ги посетат: Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружјеза време на НОВ 1941-1944 во Скопје; Куќата на Лазар Личеновски (од надвор); Музејот на МНТ; Музејот на старата скопска чаршија; Споменик музејот на Народноослободителната војна и револуцијата; МАНУ; Скупи; Римскиот аквадукт; Дендро паркот; и Ботаничката градина. Напатствијата ќе бидат достапни и бесплатни за користење по промотивниот настан, а се изготвени на македонски и на англиски јазик.

5м

Посетителите со користење на напатствијата ќе може да ги посетат музеите и локалитетите тогаш кога нив им одговара и да го направат во нивен ритам, односно без создавање на гужви, а аудио записите ќе им раскажат нешто повеќе за објектите, односно поставките.

„Во подготовката на рутите имавме одлична соработка со институциите и повеќето се отворени за гости. Но поради пандемијата со ковид-19 вирусот, за посета во дел од музеите потребна е претходна најава по телефон или е-мејл.“ додава Бакалова.

Овој настан е можност учесниците да ги посетат музеите кои вообичаено не се отворени за викенд.

3м_resize

Настанот се организира во согласнот важечките анти-ковид мерки и протоколи, а тие кои сакаат да учествуваат на промотивната прошетка треба да се пријават преку порака на Фејсбук профилот на одржливи иницијативи или на [email protected].

4м_resize

Учесниците е потребно да имаат:

– исправен велосипед со катанец за заклучување;

– да имаат потврда за вакцина, или потврда за неодамна прележан КОВИД-19, или потврда од тест дека немаат КОВИД-19.

– да имаат со себе маска или марама за покривање на устата и носот при влез во објектите;

– да ја инсталираат апликацијата izi.travel;

– да понесат лично шише со вода за пиење;

– поради времетраењето, може да понесат и лична ужинка.

Според организаторите, принципот е прв-пријавен, прв-услужен. Локацијата на чекање за почетокот на турата како и напатствијата за турата ќе бидат испратени само на учесниците

н_resize

Испрати коментар

Scroll To Top