Фабриката на Volkswagen во Волфсбург, и денес е најголемата фабрика за автомобили во светот. Изградена е пред Втората светска војна, и со текот на времето била доградувана. Денес се простира на површина од 6.510.000 квадратни метри, додека самата површина на халите е еквивалентна на Кнежевството Монако. Во рамките на фабричкиот круг се простира мрежа од железнички шини во должина од околу 60 километри, како и 75 километри интерни патишта. Фабриката има и сопствена електрична централа. Од оваа фабрика дневно излегуваат околу 3300 автомобили во чие производство учествуваат 63.000 вработени. Компанијата Hyundai Motor Company Ulsan во Јужна Кореја е на второто место со површина од 5,022.000 квадратни метри.