Насловна / Вести / Кои европски земји имаат најдобри, а кои најлоши патишта?

Кои европски земји имаат најдобри, а кои најлоши патишта?

Квалитетот на патната инфраструктура во Еврпа доста варира, а оваа тема во медиумите често предизвикува расправи. Постојат повеќе истражувања за квалитетот на патиштата во земјите од Стариот континент. Податоците на кои овде се повикуваме, доаѓаат од „Извештајот за глобалната конкурентност на Светскиот економски форум 2019“, во кој се оценети 141 држава во различни области. Во конкретната анкета учествувале 12.987 раководители од различни економски гранки, кои одговарале на 78 прашања, меѓу кои и прашањето за квалитетот на патната инфраструктура во својата земја. Понудено е тој квалитет да го квантифицираат преку оценка од 1 (исклучително лош) до 7 (исклучително добар).

patista1

Резултатите покажуваат дека многу земји од источна Европа имаат просечна оценка под 4. Холандија има најдобри патишта во Европа (оценка 6,4), потоа следува Швајцарија (6.3). Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Хрватска на 6-тото место со оценка 5,6, додека Словенија е 15-та со оценка 4,9. Црна Гора е 30-та со оценка 3,9. Ист скор како Црна Гора има и Албанија, а Македонија на 35-тото место со оценка 3,4. Босна и Херцеговина има оценка 2,8 и е претпоследна од 40-те европски земји. На последното место е Молдавија.

patista2

patista3

 

Испрати коментар

Scroll To Top