Кога некој инженер ќе ви каже дека е невозможно да се изведе некој проект, потсетете го на овој пример направен пред речиси 90 години. Имено, зградата на Indiana Bell навидум е обична зграда во Индијанаполис, САД. Изградена е во 1907 година, а позната телекомуникациска компанија се вселила на сите 22 ката. Меѓутоа, во 1930 година, одлучено е зградата да се премести за да се направи простор за нов објект.
Во текот на еден месец, додека 600 вработени биле внатре, зградата од 11.000 тони била поместена 16 метри јужно, заротирана за 90 степени, а потоа повторно е поместена 30 метри западно.
Ротацијата на зградата била извршена без да се прекине снабдувањето со гас, електрична енергија, вода и телефонски услуги. Меѓутоа, уште пофасцинантен е фактот дека никој од станарите не почувствувал дека зградата се движи.
Инженерите направиле бетонски перничиња, а за поместување користени се хидраулични дигалки и ваљци. Зградата се поместувала од еден валјак на друг, со брзина од околу 40 сантиметри на час.
Новото седиште на АТ&Т, кое ја презело локацијата на Indiana Bell, завршено е во 1932 година и било високо седум ката. Подоцна, во 1940 -тите и 1960 -тите години, зградата е проширена до сегашната големина и висина. За жал, оригиналната зграда, која била преместена, срушена е во 1963 година.