Откако на почетокот на март годинава, Европската унија ги измени ознаките за потрошувачка на енергија кај апаратите за домаќинство, од почетокот на месецов направена е промена и кај ознаките на светилките. Од 1-ви септември во online продажбата енергетските ознаки ќе мора да се променат со соодветните нови, во рок од 14 дена, додека во физичките продавници процесот ќе трае во следните 18 месеци. Одлуката за купување на уред за домаќинствокој ќе троши помалку енергија и вода, отсега ќе се олесни со апликацијата која може да се преевземе од интернет страницата Label 2020. Со апликацијата, купувачот го превзема QR кодот на уредот и прави споредба имајќи ги во предвид навиките на купувачот. Апликацијата е бесплатна.