Планот на бизнисменот Marc Lore, да изгради нов град по име Telosa, и тоа „од нула“ во средиштето на американската пустина, ќе биде изведен по проект на данскиот архитект Bjarkе Ingels. Идејата е градот да биде изграден на ненаселена локација во западниот дел на САД. Како што се истакнува во соопштението на бизнисменот, целта е да се создаде нов град во САД кој ќе постави глобални стандарди за урбаниот живот, промовирање на човековиот потенцијал и ќе стане нацрт за идните генерации. Градот е идеја на Lore, поранешен извршен директор на е-трговија во Walmart. Неговиот план е да купи голема површина земјиште кое би било подарено на заедницата. Во наредните 40 години, се планира градот да достигне 5 милиони жители, а до 2030 градот ќе биде проектиран за 50.000 луѓе. Целта е тоа да биде најодржлив град на светот, базирано на принципите на урбаните градови градини во Велика Британија.