Насловна / Арт и дизајн / На US Open Ѓоковиќ со нов моден детал – Hublot часовник вреден 19 илјади евра

На US Open Ѓоковиќ со нов моден детал – Hublot часовник вреден 19 илјади евра

Првиот светски тенисер на Твитер порача дека се придружил на семејството на познатиот бренд Hublot, компанијата за луксузни часовници, со која склучил договор за соработка непосредно пред US Open. Тоа значи дека Новак на овој гренд слем ќе носи часовник од споменатиот бренд, иако досега на мечевите никогаш не носел часовник. Станува збор за луксузен син керамички часовник Big Bang Meca-10 од брендот Hublot. Цената на овој аксесоар изнесува околу 19.000 евра. Српскиот тенисер рекол дека часовникот „се поклопува“ со неговата опрема на турнирот. „Ќе имам сини патики и сина маица, така што ќе бидам комплетно во сино за овој турнир“, рекол Ѓоковиќ.

djokovic1

djokovic2

djokovic3

Испрати коментар

Scroll To Top