Насловна / Вести / Демо проект: Зелен водород од нуклеарна електрана

Демо проект: Зелен водород од нуклеарна електрана

Американската енергетска компанија Exelon започнува демонстрациски проект за производство на зелен водород (без јаглеродни емисии) во една од своите нуклеарни елкетрани. Американското министерство за енергетика и доделило на компанијата неповратни средства за истражување на потенцијалните предности на производството на водород во нуклеарната електрана  Nine Mile Point во државата New York. Exelon ќе соработува со Nel Hydrogen, Националните лаборатории Argonne и Националната лабораторија за обновливи извори на енергија, со цел да се демонстрира интегрирано производство, складирање и употреба на водородот во електраната, преку производна единица од 3 GW. Во склоп на проектот ќе биде инсталиран електролизер со протонски пропустлива мембрана (PEM) кој ќе го користи постоечкиот систем за складирање на водород во електраната и пратечката инфраструктура, а почетокот на оперативната фаза се очекува за 2022 година. Првата производна единица на нуклеарката Nine Mile Point во САД била изградена на крајот на шеесетите години од минатиот век, а втората единица во осумдесетите години.

exelon1

exelon2

 

Испрати коментар

Scroll To Top