Насловна / Вести / Изложба по повод 100 години од фабриката „Звечево“: Како дизајнерите не повикуваа да јадеме чоколадo?

Изложба по повод 100 години од фабриката „Звечево“: Како дизајнерите не повикуваа да јадеме чоколадo?

Изложбата од денес (26.08) е поставена во просториите на „Матица Хрватска“, во организација на Градскиот музеј „Пожега“. Накратко, приказната на изложбата би можела да се сублимира во една реченица: „Како дизајнерите не повикуваа да јадеме чоколадо?“. Станува збор за изложба со која се одбележува 100 години од основањето на фабриката „Звечево“, која во јавноста е можеби најпозната по чоколадите Braco и Seka. Своевремено биле произведени дури 1,4 милијарди парчиња од овие чоколади. На чоколадите биле испишувани и љубовни пораки: „Само ти!“ (Samo ti!) и „Те сакам!“ (Volim te!).

zvecevo1

zvecevo2

Во склоп на изложбата ќе се промовира и монографија за оваа фабрика. Монографијата укажува на поволните работни услови кои ги имале работниците – поволни станбени кредити во периодот од 1951 до 1985 година. Тоа право го искористиле 800 работници од фабриката. На изложбата се поставени и фотографии на фабрката од периодот на дваесетите и триесетите години на минатиот век, која тогаш се викала Stock Brandy Medicinal, потоа како некогаш изгледал Одделот за производство на чоколади и сл. Почетоците биле скромни – само неколку работници, а фабриката го имала и првиот модерен погон за производство на жестоки пијалоци. Првите чоколади на пазарот стигнуваат во 1925 година со користење на технологија и машини од Германија. Во 1927 година, фабриката го достигнала својот зенит, со производство од околу 700 тони годишно и 250 вработени. Имала 18 претставништва ширум тогашното Кралство Југославија. Во 1951 година, фабриката го менува името од Stock Brandy Medicinal во „Звечево“. Фабриката и под новото име успешно се етаблира на пазарот. Во времето на својот 60 годишен јубилеј во 1981 година, фабриката имала 1200 работници и била една од најмодерните фабрики од тој вид во Европа. Во тогашна Југославија, „Звечево“ било на второ место во Југославија по производство на алкохолни пијалоци (прв бил „Бадел’), и на трето место по производство на какао производи (после загребски „Краш“ и „Соко Штарк“ од Белград).

Zvecevo

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top