Насловна / Вести / Рудните богатства на Авганистан: Милијарди долари под нозете на Талибанците

Рудните богатства на Авганистан: Милијарди долари под нозете на Талибанците

Авганистан има многу бурна историја, и во воена и во политична смисла. Последните неколку децении, земјата е секогаш меѓу најсиромашните во светот, и зависна е од меѓународна хуманитарна помош, која првенствено доаѓа од Обединетите Нации. Бруто домашниот производ по глава на жител е околу илјада долари. Авганистан највеќе извезува калинки, грозје, кајсии и дињи, како и разни видови ореви. Земјоделството бележи напредок во последните 20 години, првенствено поради меѓународната финансиска помош, но и помошта во обезбедувањето машини. Секако, не може да се игнорира фактот дека речиси 20% од земјоделците се занимаваат и со производство на опиум. И покрај бројните програми во минатите години да се стави крај на оваа појава, сепак резултатите се незначителни. Но, главниот потенцијал на земјата е рударството и извозот на суровини.

afghanistan1

Стручњаците проценуваат дека само 25%, засега неискористени рудни потенцијали, вредат над 700 милијарди долари. Провинцијата Хелманд се смета за најбогат дел на Авганистан, кога станува збор за рудите и рудните богатства. Највеќе има литиум – клучна суровина за производство на батерии и електронски компоненти. Новата талибанска влада, доколку биде меѓународно признаена, можеби ќе се избори со лошиот животен стандард, недостатокот на здравствена заштита и проблемите со соседите. Секако, на своја страна имаат важен адут – залихи од извонредно вредни суровини. Овие рудни богатства, очекувано го привлекуваат вниманието на голмите светски сили. Експлоатацијата на овие вредни суровини без странски инвестиции ќе остане само на хартија, бидејќи земјата нема ниту технологија ниту ресурси за значителен исчекор во оваа област.

afghanistan2

afghanistan3

Испрати коментар

Scroll To Top