Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека неговата компанија работи на хуманоиден робот и дека ќе направи прототип „во текот на следната година“. Хуманоидниот робот ќе го искористи искуството на Тесла со автоматизирани машини во своите фабрики, како и дел од хардверот и софтверот кои го покренуваат софтверот на компанијата за помош на возачи Autopilot.
Маск, кој повеќе пати зборуваше за своите стравови од вештачката интелигенција и за опасностите што ги претставуваат роботите за човештвото, сега ја сврте плочата, рече дека „Тесла бот“ е наменет да биде пријателски, но дека компанијата ја дизајнира машината на „механичко ниво“ така да „можете да побегнете од него и најверојатно да го совладате“. „Тесла Бот“ ќе биде висок 172 сантиметри, ќе тежи 57 килограми и ќе има екран на местото на лицето. Кодното име за роботот е, заклучи Маск, „Оптимус“.
Теслините ботови се дизајнирани да вршат „опасни, задачи кои се повторуваат или здодевни задачи“. „Верувам дека во иднина физичката работа ќе биде прашање на избор, што значи дека ќе можете да ја работите ако сакате“, коментираше Маск. Шефот на Тесла ги покажа и првите неколку слики од роботи за време на настанот „Денот на вештачката интелигенција“, каде што Тесла презентираше некои технологии за вештачка интелигенција и суперкомпјутери кои, со малку среќа, еден ден ќе возат самоуправувачки автомобили. Компанијата имаше и модел кукла на сцената која, се разбира, не правеше ништо.
Историјата на Тесла, велат познавачите, преполна е со разни идеи кои никогаш не се реализирани – како Supercharger мрежата напојувана со соларна енергија, менување батерии и полначи за автомобили во форма на роботски змии. Така, прашањето е дали некогаш ќе видиме функционални Тесла ботови.
Од друга страна – да не беше Маск, неговата харизма и истрајност, половина од проектите на Тесла немаше да бидат таму каде што се сега.