Дизајнирајќи канцеларија за текстилната компанија Siersema Interieur, Beyond Space црпеле инспирација од блиската река. Дизајнерите користеле околу километар проѕирна сино-зелена ткаенина за да создадат ефект на бранови во вода на таванот.
Брановидните завеси, исто така, помагаат да се подели целата канцеларија во шест различни зони. Во јавните простори дизајнерите ги имаат направено завесите што е можно пократки, додека во приватните простории се оставени подолги. Работните области за вработените, лоцирани веднаш до панорамските прозорци, се врамени со брановидни лакови. Проѕирната ткаенина овозможува сончева светлина да влегува внатре и рамномерно да го осветлува канцеларискиот простор. Бојата на завесите е доволно светла за да не привлече премногу внимание, додека на минималистичкиот ентериер му додава суптилната нијанса, потсетувајќи на бојата на водата или мразот.
Во центарот на просторот е кујна со огромен остров и барски столчиња. Дизајнерите намерно ја поставиле трпезаријата и кујната во средината, далеку од прозорците, бидејќи вработените поминуваат најмалку време тука во текот на денот, а навечер, кујната се претвора во најудобното место во канцеларијата.