Ваквите и слични проекти претставуваат исполнување на долгогодишниот сон дека луѓето барем за миг можат да добијат чувство дека се во вселената.
Крег Барнс одлучил да ја обнови зградата во форма на чинија дизајнирана од финскиот архитект Мати Сууронен во доцните 1960-ти. За да ги направи работите уште подобри, тој ја поставил оваа симпатична зелена куќа (поточно вселенски брод) во паркот Марстон во Сомерсет, за да можат посетителите да го изнајмат, да спијат во него и секако – да се преправаат дека слетале на Марс!
Со симболично име Futuro House, овој мал дом може да прими до четири лица, и секако има многу придобивки. Внатре и надвор од „чинијата“ гостите можат да уживаат во бројни „објекти“ како што се приватни бањи, топла вода, менување на осветлување, чисти постелнина и крпи, храна, кафе и чај, како и отворен камин околу кој можат да се соберат, па дури и да заспијат.
Во внатрешноста, се разбира, се е наредено така што наликува на сцени од Ѕвездени патеки, а преовладува белата во комбинација со портокаловата боја. Оваа комбинација го добива својот целосен сјај штом се стемни, бидејќи тогаш ова место станува вистински мал вселенски брод што треба да лета во непознатото.
Според дизајнерот, оваа куќа во паркот е целосно дизајнирана како простор за живеење, но и за доживување на животот – тоа е вистинско мало инспиративно место кое секој може да го види. Според него, тоа ја претставува поентата на уметноста и архитектурата – создавање уникатни искуства, но и такви амбиенти во кои можете да останете и да ја почувствувате убавината на непознатото.