Насловна / Вести / За прв пат врнеше дожд на ледениот врв на Гренланд

За прв пат врнеше дожд на ледениот врв на Гренланд

Летниот врв во Гренланд за првпат беше навлажнет од дожд. Ова се случи за прв пат по мерењата, односно од 1950 година.

Врнежите се случија на највисоката точка на ледената покривка, на надморска височина од 2.600 метри, се наведува во соопштението на Националниот центар за податоци за снег и мраз.

Grenland

Топлиот воздух донел силен дожд, кој испорачал седум милијарди тони вода на површината на мразот.

Врнеше неколку часа, што е првпат во историјата на овие простори. Покрај никогаш нерегистрираните врнежи, температурите беа над нулата повеќе од девет часа, само четврти пат во историјата, но третпат од 2012 година, според Државниот центар за снег и мраз, пренесува USA Today.

Испрати коментар

Scroll To Top