Насловна / Вести / Зелен челик: Шведска компанија ја испорача првата количина челик направена без употреба на јаглен

Зелен челик: Шведска компанија ја испорача првата количина челик направена без употреба на јаглен

Шведската компанија Hybrit на производителот на камиони Волво му ја предаде првата количина челик произведена со помош на водород и без употреба на јаглен.

Шведската компанија Hybrit најави дека ќе испорача челик до фабриката за производство на камиони „Волво АБ“ за пробно производство пред целосната комерцијална употреба објавена за 2026 година.

Celik

Производството на челик врз основа на јаглен учествува со околу осум проценти од светските емисии на стакленички гасови. Пред една година, Hybrit почна со пробно производство во својата пилот -фабрика за производство на зелен челик во Луле, на северот од Шведска. Нивната цел беше да се исфрли коксот од производството на челик и да се замени со електрична енергија од обновливи извори и водород.

Celik1

Инаку, водородот е клучен извор на енергија на кој се смета во планот на Европската унија да достигне нула емисија на стакленички гасови до 2050 година.

Компанијата Hybrit е во сопственост на челичната фабрика SSAB, шведската државна мултинационална компанија Vatenfal и рудникот LKAB. Челичните погони SSAB произведуваат 10 отсто од емисиите на јаглерод диоксид во Шведска и седум отсто во Финска.

Во тек е уште еден потфат за зелен челик – H2 Green Steel планира да изгради фабрика за челик без фосили во северна Шведска, вклучувајќи одржлива фабрика за водород, чие производство ќе почне во 2024 година.

Испрати коментар

Scroll To Top