Насловна / Вести / Забранета продажба на производи од пластика во Словенија

Забранета продажба на производи од пластика во Словенија

Пластичен прибор за јадење, чинии и чаши ќе бидат повлечени од продажба во Словенија, откако Владата забрани пуштање во продажба на овие производи за еднократна употреба.

Забраната важи и за пластични садови за храна и пијалоци, садови изработени од експандиран полистирен и производи изработени од оксо-разградлива пластика.

plastika

Регулативата, исто така, пропишува означување на некои пластични производи за еднократна употреба и нивната амбалажа за штетата што ја предизвикуваат врз природата, како и за начинот на нивно рециклирање. Тука спаѓаат хигиенските влошки, тампони и апликатори за тампони, влажни марамчиња за нега и употреба во домаќинството, производи од тутун со филтер и филтри за цигари.

Испрати коментар

Scroll To Top