Каменот ископан на локацијата искористен е за изградба на овој велнес хотел за за спортисти на грчкиот остров Миконос, проектиран од бирото Kyriakos Tsolakis Architectsсо седиште во Лондон и на Кипар.
Сместено во срцето на островот, ова засолниште има 12 апартмани и два јавни базени, како и надворешни и внатрешни теретани, а се е осмислено да им се помогне на професионалните спортисти да се рехабилитираат вон сезоната и на одмор.
„Локацијата е неверојатна“, вели ко-основачот на „Kyriakos Tsolakis Architects“, Elena Tsolakis за Dezeen.
„Можете да го слушнете ветерот во оваа долина и речиси ништо друго. Клиентот сакаше да го фати чувството на ова место и боите на локацијата користејќи квалитетни материјали”.
Распоредено на четири нивоа на тивок рид, свртено кон југ, засолништето е во заштитена зона која нуди поглед кон морето. Покрај едната страна поминува воден пат, додека имотот го опкружува стара овчарска колибата и висока трева.
Пониските три нивоа на одморалиштето се терасасти и вградени во ридот, со своите sидови формирани од камења пронајдени за време на ископувањата на подрумот. Камењата се составени со помош на ненаметлива техника која ја намалува количината на малтер кој може да се види однадвор.
Во меѓувреме, горната тераса на комплексот има бели sидови по кои се познати грчките острови.
Целта на бирото била да создаде објект кој е способна да се вклопи во својот природен и народен контекст.
„Поради големите брзини на ветрот и морската сол содржина во воздухот, клиентот сакаше максимално да го намали одржувањето“, објаснуваат архитектите, „поради тоа се погриживме материјалите да бидат долготрајни и отпорни на острите зими“.
Осум од 12 -те апартмани на хотелот сместени се на приземје и првиот кат, каде секој од нив е во комплет со приватна градина и базен од тиркизен камен. Останатите четири спални соби на горните нивоа имаат балкони со далекусежен поглед, од кои две се опремени со џакузи.
За дополнително да се подобри врската со пејзажот, бирото користело природни материјали како што се травертин, шкрилци, калдрма, ироко дрво и бронза во внатрешноста, додека таванот на просторијата за рецепција и дневен боравок е направен од слоеви излупена природна врба.
„Овие природни материјали ја надополнуваат живоста на тиркизните базени за да создадат богата палета на текстури и тонови во долината на камења и брановидни ридови“, вели Elena Tsolakis.
Објектите за рехабилитација вклучуваат најсовремена опрема за теретани, како и базени за хидротерапија и топли кади за хидромасажи, кои вклучуваат употреба на водени млазници под притисок за олеснување на болните мускули на спортистите.