Насловна / Архитектура / Незадоволство во Лондон поради Marble Arch Hill на MVRDV

Незадоволство во Лондон поради Marble Arch Hill на MVRDV

The Marble Arch Mound или Marble Arch Hill е привремен вештачки рид висок 25 метри, сместен веднаш до Мермерниот свод во Лондон, во североисточниот агол на Хајд Парк на западниот крај на Oxford Street. Има платформа за набљудување на врвот и простор за настани внатре. Ридот беше отворен за јавноста на 26 јули 2021 година, но беше исмеано од критичарите и принудено привремено да се затвори, со поврат на парите на незадоволните посетители. Се очекува да остане на локацијата до јануари 2022 година.

2_resize

Ридот е изграден од скелиња покриени со трева и голем број дрвја, со 130 скали за искачување (или лифт) до платформата на врвот. Посетителите можат да одат само по одредени патеки и металните скали, а има капацитет од 1.000 посетители дневно.

Marble Arch Hill е нарачана од Градскиот совет на Вестминстер, а проектиран од архитектонското биро MVRDV со седиште во Ротердам. Оригиналниот проект бил предвиден да го покрие целиот Мермерен свод, но тоа е отфрлено од експертите за конзервација, кои беа загрижени дека шестмесечната темнина може да ги ослабне спојките на малтерот и затоа од ридот е отстранет аголот за да се избегне покривање на споменикот.

1

Поради опустениот град и замирање на џагорот на улицата Oxford Street, предизвикано од пандемијата, проектот има за цел да го обнови интересот за областа и да ги врати луѓето.

Архитектите велат дека е „проектиран за да ја редефинира врската помеѓу улицата Оксфорд и Хајд Парк, Marble Arch Hill се поврзува со една од најпрометните трговски улици во Европа“. Проектот на MVRDV воведува „пејзаж од трева и дрвја налик на парк и го крева овој агол на Хајд Парк за да создаде видиковец висок 25 метри, што им дава на посетителите преглед на улицата Оксфорд и паркот“,и додаваат „Проектот е направен да се доживее преку една континуирана рута, така што посетителите ќе имаат повеќе погледи на арката“.

4_resize

Лондонски „Гардијан“ пишува дека по реакцијата на експертите поради Мермерниот свод, стар 200 години и отсекување на ридот „тој изгледа како компјутерски модел фатен на сред рендерирање, откривајќи ја одоздола структурата на скелето од жичана конструкција“. И продолжува: „Гледајќи ја Marble Arch Hill неколку дена пред да се отвори за јавноста, тешко е да не се запрашате дали ќе беше подобро да остане така. Измазните компјутерски слики на архитектите имаат тенденција да создадат оптимистичка слика, и ова не е исклучок. Додека сликите прикажуваа буен пејзаж на густа вегетација, прошарана со зрели дрвја, реалноста е тенок слој, кој очајно се држи за sидовите на структурата, повремено испрекинат со вретенести дрвја. Неодамнешниот топлотен бран не помогна, но ниту едно зеленилото не изгледа среќно“.

7_resize

„Не е доволно“, признава Winy Maas коосновач на MVRDV. „Сите сме целосно свесни дека е потребна поголема суштина. Првичната пресметка беше за скали, а потоа се појавија и други додатоци. Но, мислам дека се уште ги отвора очите на луѓето и поттикнува интензивна дискусија“. Дрвјата ќе бидат вратени во расадник кога ридот ќе се расклопи, а другото зеленило ќе се „рециклира“, но останува да видиме во каква состојба ќе се наоѓаат по шест месеци качени на скелиња, се прашува „Гардијан“.

6_resize

И корисниците на социјалните мрежи го исмеваат ридот. „Можеби MVRDV не сакаше некој да мисли дека се над ридот“, вели архитектот Вилијам Тозер. „Гледам дека Marble Arch Hill се спушта како изметшто паѓа од газот на кучето“, напиша професорот по архитектура на Универзитетот во Вестминстер, Шон Грифитс. Додека архитектонски ПР, Роб Феин се надева дека вештачкиот рид ќе го означи крајот за атракциите покриени со зеленило.

5_resize

„Можеби MVRDV не доведе  до зенитот на овие смешни инсталации со зеленило, така што единствениот начин е да се тргне оттука“, напиша Фиен на Твитер. „Поради тоа вреди ридот навистина да се совлада“.

Градскиот совет на Вестминстер има намера да ги отвори резервациите за посетителите во блиска иднина откако ќе се подобрат садниците.

„Marble Arch Hill е жива зграда според проектот“, се наведува. „Ќе продолжиме да се адаптираме и да ја подобруваме најновата атракција на Лондон на отворено и да ги решаваме сите проблеми со зеленилото кога ќе се појават“.

Испрати коментар

Scroll To Top