Со лимитирана серија од само 40 возила, новиот хиперавтомобил на брендот Bugatti ќе се појави на пазарот до 2024 година, и ќе чини 4,7 милиони УСД. По само една година од иницијалниот дизајн, францускиот производител го воведувa својот екпериментален болид во фаза на производство. Како што сугерира и неговото име – „болид“, овој автомобил нема да се најде на патиштата, туку е резервиран за трки. Возилото има моќност од 1578 hp. Инспириран од аеродинамиката на возилата на Formula 1, кај возилото се употребени лесни напредни материјали кои овозможуваат да има маса од 1450kg. Инженерите на компанијата сеуште работат на подобрување на аеродинамиката, како и усогласување на сите карактеристики со безбедносните стандарди на FIA (Fédération Internationale de l’Automobile).