Насловна / Вести / САД отвора истрага за автопилот системот во возилата на „Тесла“

САД отвора истрага за автопилот системот во возилата на „Тесла“

Од јануари 2018 година, регистрирани се 11 сообраќајни незгоди во кои моделите на „Тесла“ биле одговорни, а во кои учествувале две или повеќе возила. Во споменатите сообраќајни несреќи биле повредени 17 лица, а едно лице смртно страдало. Американските регулатори за безбедност на возилата соопштиле дека отвориле официјална истрага за автопилот системот на „Тесла“. Истрагата опфаќа околу 765.000 „Тесла“ возила во САД, главно моделите Y, X, S и 3, произведени во периодот 2014-2021 година. Истрагата ќе се фокусира на процена на технологијата и методите кои се користат за надзор, помош и ангажирање на возачот во динамичкиот процес на возење за време на работата на автопилотот“. Автопилотот, кој извршува некои задачи наместо возачот, овозможувајќи држење на рацете надвор од воланот на подолго време, бил вклучен во најмалку три Теслини возила кои учествувале во фаталните американски сообраќајни несреќи од 2016 годинa, соопштила Националната безбедносна служба за сообраќај (NTSB). NTSB го критикувала отсуството на системска заштита кај автопилотот.

autopilot1

autopilot2

 

Испрати коментар

Scroll To Top