Францускиот уметник Pierre Delavie ги збуни своите сограѓани со својата уметничка инсталација која ја поставил на легендарната зграда на Grand Palais во Париз. Уметникот едноставно го сменил „изгледот“ на познатата палата. Минувачите ненавикнати на фасадата на Grand Palais во овој нов деконструиран контекст, во чудо, зачудени застануваат и го фотографираат овој интересен проект наречен Urban Lies (Урбани лаги).
Со лажните структурални елементи и играта на светлината, Delavie целосно го изменил изгледот на зградата, со цел да креира сосема нов изглед на објектот. Оваа манипулација со екстериерот самиот автор ја нарекол „архитектонско киднапирање“.