Античкото маслиново дрво, старо 25 века, изгоре заедно со милиони други дрвја во катастрофалните пожари што го зафатија вториот по големина грчки остров во последните денови, пренесуваат локалните медиуми.
Дрвото растело во маслинова градина во областа Ровија, на северот од Евија, и било карактеристика на овој дел од островот. Според населението од тој регион, тој бил споменат во своите списи од античкиот грчки географ и историчар Страбон, роден 64 година п.н.е.
Стеблото на маслиновото дрво било толку широко што можело да прими десет луѓе внатре.
Локалните жители се надеваат дека корените на дрвото, закопани длабоко во земјата 2.500 години, ќе успеат да ги обноват гранките и лисјата.