Насловна / Архитектура / Село со 48 куќи е изградено секој да има визуелна и акустична приватност

Село со 48 куќи е изградено секој да има визуелна и акустична приватност

Во еден од најзачуваните природни региони во Јужна Кореја, изградено е село во кое секоја куќа нуди поглед кон морето.

selo

Населбата наречена Hadohilljo Townhouse, за која проектот го потпишуваат UNITEDLAB Associates, се состои од заеднички простор, 48 индивидуални станбени единици, паркови и придружни објекти. Главниот коридор, истакнат со црвена клупа, ги поврзува сите индивидуални згради што се создадени на таков начин што ја почитуваат уникатноста на локацијата, но исто така обезбедува еднаков пристап до погледите на околината од сите згради.

selo1

Четири типа на единици се просторно организирани според нивната оддалеченост од морето. Зградите што се на поголема оддалеченост од морето се дизајнирани да им овозможат соодветен поглед кон околните единици, кои уживаат поблиска позиција до морето, пишуваат архитектите за ArchDaily.

selo2

Фокусот на организацијата на населбата е на создавање визуелни врски со морето, како и создавање пријатен и удобен амбиент. Затоа, уредувањето на околниот пејзаж било од витално значење за развојот на проектот, со цел да се воспостави саканата вегетација, да се обезбеди визуелна и акустична приватност и јасно да се дефинира просторот.

selo3

Меѓупросторните елементи на пејзажот што претставуваат „меки“ граници ги нагласуваат „тврдите“ архитектонски граници. Со раслојување на меѓупросторот на локацијата и зонирање, како и воспоставување паркови во џебовите меѓу станбените единици, куќите се меѓусебно поврзани на флуиден начин.

selo4

Врската меѓу куќите е направена со воспоставување клупа во светло црвена боја, што е во контраст со сивите фасади.

Во согласност со генералниот план на локацијата, постојните паркови не се индивидуално дефинирани, туку се органски поврзани и промислено ги дефинираат празнините меѓу колективните станбени единици, во кои станарите можат да се релаксираат или да се дружат со соседите.

selo5

За да се постигне посакуваното ниво на безбедност во населбата, движењата на пешаците и автомобилите се јасно дефинирани и разграничени.

Проектот за одделни единици е дизајниран преку поставеното прашање: Кој е најсоодветниот одговор на животната средина? Дизајнот е обликуван преку минимализмот, така што постои концизна поделба на просторот, а едноставните материјали ја нагласуваат скромноста и хармонијата на станбените единици.

selo6

Иако обликот и дизајнот на куќата се едноставни, тие сепак се разликуваат едни од други. Однадвор, отворите обезбедуваат леснотија и го намалуваат чувството на тежина во куќата. Прозорците ја обезбедуваат потребната транспарентност за да ја зајакнат врската меѓу внатрешноста на куќата и околината.

selo7

Идејата била да се создаде отворена куќа, која комуницира со својата околина, а се имплементирани различни големини на прозорци со цел соодветно да се обезбедат посакуваните глетки од внатрешноста.

selo8

selo9

Испрати коментар

Scroll To Top