Насловна / Вести / Цените на природниот гас оваа зима ќе рушат рекорди

Цените на природниот гас оваа зима ќе рушат рекорди

На Европа и светот, оваа зима им претстои груба гасна игра. Се предвидува глобалните цени на природниот гас оваа зима да рушат рекорди, бидејќи залихите на клучните пазари паднаа поради исклучително топлото лето. Референтната цена на холанскиот природен гас во северозападна Европа, забележа раст од 80% во минатите три месеци, достигнувајќи рекордна вредност, додека цената на течниот природен гас (ТПГ) во Азија е на осумгодишен сезонски максимум. Трговците се убедени дека просечните зимски цени на природниот гас ќе ги надминат минатогодишните највисоки нивоа, кога ледените температури во делови од северна Азија довеле до скок на цените на ТПГ, за повеќе од 200%, на рекордни нивоа.

naturalgas1

 

Европските цени на природен гас исто така забележаа раст, а цените во холандскиот TTF скокнаа во последните месеци за 32% на рекордно ниво, поттикнати од прекините во снабдувањето поради летните ремонти на постројките во Норвешка, и други фактори. Исполнетоста на капацитетите на складиштата за гас во Европа во моментот е 50-60%, во споредба со 80% во минатото лето, велат аналитичарите. „Постои реален ризик Европа да влезе во зимската сезона со ниско ниво на пополнетост на складиштата, што укажува дека цените ќе имаат потенцијал за раст“, велат аналитичарите на ING банката. Рускиот „Газпром“ го одложи резервирањето на дополнителни транзитни капацитети за задоволување на побарувачката, што исто така го зголемува ризикот од пораст на цените во Европа, додаваат стручњаците. „Русија сега е единствена земја со вишок во производството, но за да го зголеми извозот ќе мора да резервира дополнителни транзитни капацитети низ Украина“ вели James Huxtep, аналитичар во S&P Global Plats.

naturalgas2

 

Испрати коментар

Scroll To Top